Еден пионерски и два младински атлетски рекорда беа постигнаа на младинското првенство на Македонија, кое се одржа на стадионот „Филип Втори“ во Скопје, кое воедно беше и изборно за Балканското првенство (БП) во Суматри, Грција (5-6 септември)

    

За пионерскиот рекорд се погрижи Петар Николовски (АК Охрид), кој дискот го фрли 52,72 метри. Досегашниот рекорд изнесуваше 50,53 м.

Младински рекорд постави женската штафета во состав Ангела Трендафиловска, Фросина Ристеска, Христина Митроска, Ристеска (АК 3. Ноември), која на 100-200-300-400 метри оствари време од 2:24,16 мин. Стариот рекорд изнесуваше 2:36,16 мин.

Во истата дисциплина рекорд постави и машката штафета Милош Цветковиќ, Славчо Мирчевски, Филип Кафтановски, Огнен Павловски (Охрид) со време од 2:02,83 минути. Досегашниот рекорд изнесуваше 2:02,02 мин. Настапија вкупно 12 клуба, а најуспешен кај мажите беше Охрид, а кај девојките 3. Ноември од Прилеп.

ohridnews