Охридските атлетичари очекуваат подобрување на своите резултати на престојниот Европски Куп во Малта. Во Малта заминаа Блаже Љушев (400 м. со пречки), Селман Реџеп (троскок, скок во далечина, 4 х 100 м.) потоа  Росана Арсовска (100 м. со пречки), Александра Спасеска (скок во далечина, троскок, 4 х 100 м.) и Јулијана Вељаноска (ѓуле, диск, кладиво).


Поради повреди од списокот отпаднаа Филип Кафтаноски и младинскиот првак во скок во далечина Славчо Мирчевски.

Се надевам дека натпреварот ќе помине во најдобар ред без некои несакани последици (повреди) , во зависно од  психичката подготвеност очекувам да дојдам до личен рекорд– рече Реџеп Селман пред заминувањато за Малта.

Ohridnews