Охридските атлетичари незадоволни од резултати на “Академик“
09.02.11 09:54
Викеднов во Софија, Бугарија се одржа меѓународниот атлетски митинг АКАДЕМИК. Охридските атлетичари кои настапија на митингот Реџеп Селман во дисциплината трискок и Александра Спасеска во дисциплината 60м се незадовлни од постигнатите резултати.
– Не сакам да дискутирам за мојот резултат се разбира е многу слаб но тоа не покажува губење надеж, во Охрид немав доволно техничка подготока поради ладното време, и условите кои ги имаме Третото место не ми значи многу колку што ми значи резултатот па се надевам дека на следниот натпревар ќе постигнам подобар резултат – Реџеп во трискок го освои третото место со резултат 14.19 цм
– Резултатски не сум задоволна поради повредата што ја добив за време на загревањето“– рече Спасеска Александра која патеката од 60м ја истрча за 8.64 секунди што беше доволно за 11 место.
Според ИААФ таблицата најмногу бодови постигна Ивана Рожман (АК ПАК 7-мај) на 60м со резултат 7.93 сек – “Со едномесечен тренинг во зимската сезона мора да сум задоволна со постигнатиот резултат. “
Втор најдобар резултат имаше Христина Ристеска (АК ПАК 7-мај) која на трката 400м постигна резултат 1:00,01 сек – Задоволна сум од подготовките кои покажа и резултатски подобрувања, се чувствувам добро и се надевам дека на следниот натпревар ќе постигнам подобар резултат – истакна Ристеска.
Охридскиот супер херој Марко Пејчиновска на 28 август ќе се соочи со нов предизвик – нестандарден IRONMAN околу Охридското Езеро во должина од 106,8 километри, видоизменет поради повредата ко...
Охрид ќе биде домаќин на групата Г од Купот на Македонија Натпреварите ќе се играат на 27042025 (недела), а распоредот е следен: 1100ч РК Прилеп – ГРК Охрид 1300ч ГРК Тиквеш 2014 – РК А...
Осумдесеттина ученици од Охридската гимназија „Св Климент Охридски“ во придружба на професори присуствуваа на хуманитарниот фудбалски натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда што се одигра синоќа на...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.