Причина за тоа е што деветтиот член од АК “Охрид” кој иако е санкциониран беше повикан од актуелниот селектор Ѓорѓи Вучков, веројатно со одобрение на претседателот на АФМ Крсто Серафимоски.
Управниот одбор на АК “Охрид” правовремено даде приговор во писмена форма за казнетиот атлетичар кој нема право на учество на домашен и меѓународен план, но за тоа не доби никаков одговор од АФМ. Тука беа жртвувани осум атлетичари-ки, членови на АК “Охрид” за еден казнет атлетичар.
Заедно со атлетичарите, тренерот на АК “Охрид” Влатко Димитровкој исто така беше повикан, не отпатува во Словачка со репрезентацијата бидејќи АК “Охрид” есо став да не учествува на Купот во Словачка при вака создадените услови.