Од пролетната полусезона во Првата фудбалска лига, Македонската фудбалска федерација внесе новитет еден од мечевите да го водат шест судии.


Новитетот на ФФМ ќе го испробаат и охридските арбитри кои ќе ја делат правдата на дуелот во Тетово меѓу Шкендија и Пелистер.

Стефче Шулески е главен судија, а негови помошници се Лазе Чакарески и Жарко Тодоровски. Позади головите ќе бидат Марјан Ецкоски и Константин Влахо додека четврти судија е Дејан Неделкоски.


Со шест судии на теренот се водат мечевите од Лигата на Европа, Лигата на Шампиони и останатите натпревари под капата на УЕФА.

Ohridnews