Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ од Охрид, по втор пат годинава со пет свои членови ќе земе учество на Работната акција во рамки на Меѓународниот волонтерски камп „Краљево 2015” во Србија, кој ќе се одржува од 9 до 23 август 2015 година.
-На овој камп ќе земат учество околу 100 волонтери – акцијаши од Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Србија кои ќе работат на санација на поплавените подрачја и на пошумување на реони зафатени од огромните пожари, информираат од Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“.
Оттаму потенцираат дека учеството на овој камп акцијашите од Охрид, ќе го искористат за афирмирање на културните, природните и историските вредности на Охрид и Македонија.
OhridNews