Се покажа во многу случаи дека стратегиите за третман на коронарните болести треба да се преиспитаат, бидејќи во дел од случаите стандардната дијагноза не се покажа како најпрецизна, рече д-р Никола Бакрачески-директор на Заводот за кардиологија во Охрид.
Целта со воведувањето на таканаречената Шведска метода е да се избегнат грешките при дијагностицирањето на кардиоваскуларните заболувања, бидејќи искуствата покажаа дека кај пациентите третирани со оваа метода се постигнуваат подобри резултати во лекувањето отколку со примената на стандардната метода, додаде Бакрачески. Тој појасни дека оваа метода ќе се применува само исклучителни случаи.
Шведската метода кај нас досега не се применувала, бидејќи се работи за скапа постапка која се применува во поразвиените земји.
Кај нас за за прв пат новата метода ќе биде имплементирана во охридскиот Завод за кардиологија со подршка на Министерството за здравство и Фондот за здравство. Новата метода денеска беше презентирана пред лекарскиот тим на Заводот за кардиологија во Охрид.