Вчера, 14- ти јуни, кога во Хрватска заврши светскиот собир на Веспа ( World Vespa Days 2015),во нашиот град,охридскиот Веспа клуб ја отвори овогодинешната сезона,со дружба и возење до Св.Наум.
– Клубот неофицијално е формиран минатата година,од страна на вљубеници од град Охрид во брендот Веспа, кој е светски синоним за стил, елеганција и начин на живот и е единствениот локален клуб од ваков тип во Македонија,создаден по теркот на светските Веспа клубови.Во иднина се надеваме дека ќе растеме како по број на членови,така и по квалитет, а во план е и печатење на маици со логото на клубот, вели Игор Николовски,иницијаторот за формирањето на охридскиот Веспа клуб.
Како што потенцира Николовски, вчерашниот собир е доказ дека бројот на членови постојано се зголемува со секоја наредна средба.
Со оглед на тоа дека во Охрид има голем број на Веспи ,од клубот ги повикуваат сите сопственици на Веспа, исклучиво од брендот Piaggio и LML, без разлика на пол и старост, да им се придружат на официјалната страна на клубот на facebook: https://www.facebook.com/VespaClubOhrid, каде ќе бидат навремено информирани за секој нареден собир на клубот,а следниот е веќе планиран за многу скоро време.
OhridNews