Охридскиот Универзитет за Информатика ќе добие современи простории за работа
17.11.09 14:34
Првата генерација на студенти од охридскиот Универзитет за информатичка технологија од почетокот на декември, студиите ќе ги следат во нови и современи простории. Просториите на овој факултет ќе бидат сместени во реновираниот објект на поранешниот Дом на АРМ, кој се наоѓа во центарот на Охрид.
–Во првата академска година на универзитетот за Информатичка технологија се запишаа 75 студенти. Со оглед на тоа што овој универзитет нуди квалитетни и современи студиски програми, наставата ја водат многу стручни професори, а наскоро ќе располага и со најсовремени услови за работа, очекуваме бројот на запишани студенти во наредните години да биде многу поголем. Покрај студентите од нашата држава, интерес за студирање на овој факултет очекуваме и од странство. – изјави Министерот за Образование Никола Тодоров, на денешната посета на факултетот во Охрид.
Реновирањето на просториите е дел од Проектот за Пренамена на Домот на АРМ во Универзитет за Информатичка технологија, за кој Министерството за Образование и наука ќе потроши 47 милиони денари. Надлежните во министерството велат дека реализацијата на овој проект ќе биде во повеќе фази.
–Според планираното првата фаза е веќе завршена, а со неа се предвидуваше адаптација на веќе постоечката зграда на Домот на АРМ за потребите на универзитетот. Во објектот е направен еден амфитеатар и неколку помошни простории, кои ќе бидат доволни за одвивање на студиите во оваа академска година. Во втората фаза од проектот е планирана доградба на постоечкиот објект. Во доградбата ќе бидат опремени уште неколку предавални, кабинети, канцеларии за професорите и за администрацијата на факултетот. Според проектот Универзитетот за информатичка технологија ќе треба да се простира на вкупно 1500 квадратни метри. – велат надлежните за изработка на проектот во Министерството за образование.
Студентите по информатика, околу два месеци предавањата ги следат во просториите на Факултетот за Туризам во Охрид.
Со низа содржини ОУ „Григор Прличев“ на 6-ти февруари ќе го одбележи патрониот празник Програмата започнува во 9 часот со доделување награди од литературниот и ликовен конкурс, по што следи полагањ...
Инстаграм профилот на Бигорски манастир е хакиран Ве известуваме дека нашиот официјален манастирски профил на Инстаграм е хакиран и во моментот нашето братство нема пристап до него, информираат од ...
Црвен крст Охрид започнува со уписи за пролетниот циклус на програмата „ПОЛЕТАРЧЕ“ преку која деца на возраст од 3-5 години преку игра, забава и дружење ќе ја развиваат и јакнат самодовербата, ќе с...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.