– 2010 г. ја оценуваме како исклучително успешна година за Црвен крст Охрид, година во која се реализираа голем број активности кои како резултат имаа исполнување на нашата мисија: спречување и олеснување човечкото страдање каде и да било, заштита на животот и здравјето и почитување на човечкото суштество, спречување на болести и унапредување на здравјето и социјалната заштита, поттикнување на доброволноста и постојана подготвеност на членовите да укажат помош и општо чувство на солидарност кон сите на кои им е потребна нивна заштита и помош.-истакна Сашо Точко, претседател на Црвен крст – Охрид.
Тој посочи дека организацијата во 2010 година во сите области на делување ги надминала планираните резултати:
– Крводарителство-реализирани преку 600 единици крв повеќе од предвидените со Програмата за унапредување на крводарителството во РМ
– Прва помош-обучени за укажување на прва помош за 28 % повеќе од минатата година, кандидати за возачи на моторни возила и кандидати од работни организации
– Социјално-хуманитарна дејност-со најразлични видови помош (облека, прехрамбени производи…)помогнато на преку 2000 социјално загрозени семејства од Охрид и Дебарца
– Направени планови за евакуација и елаборати за заштита и спасување во поголемиот дел од основните и средните училишта во Охрид и Дебарца
– Бројот на волонтери, во споредба со минатата година зголемен за 22 %.
На свеченоста на која присуствуваа голем број гости, Црвениот крст Охрид на поединци и организации им се заблагодари за придонесот во остварување на зацртаните цели.