“Секој заслужува да ги живее своите права” е мотото на Кампањата за превенција од ХИВ вирусот и намалување на стигмата за заболените од оваа болест. Кампањата е дел од активностите на охридкиот Црвен крст, по повод 1-декември, Светскиот ден на борба против СИДА.
Активистите на Црвен крст во теков на денов, низ Охридските улици, ќе делат едукативен материјал за СИДА-та, кондоми, и ќе ги обележуваат граѓаните со црвената панделка како симболот за борба против СИДА. Во текот на оваа недела тимови на Црвениот крст ќе одржат едукативни предавања и работилници за ХИВ/СИДА со младите во основните и средните училишта.
Во четврток во 19:00 часот, ќе биде оранизирана и една едукативна работилница во просториите на Црвениот крст, на која може да земат учество сите заинтересирани граѓани. Во текот на викендот тимовите за превенција ќе ги посетат сите кафулиња и ноќни клубови во Охрид, при што ќе одржат кратки едукативни презентации, ќе делат едукативен материјал и кондоми.
1ви екември е Светски ден на борба против СИДА. Во Македонија оваа година се регистрирани шест нови позитивни случаи со ХИВ и еден заболен од СИДА, сите се од Скопје, освен еден пациент од Косово кој се лекува во земјава. Во светот минатата година се регистрирани повеќе од два и пол милиони нови случаи на ХИВ СИДА од кои 430 илјади се деца, а два милиони починале.