Прославата на овој значаен јубилеј, активистите на Црвениот крст ќе го започнат точно на пладне со свечено дефиле низ улиците на Охрид. Во 13 часот на градскиот плоштад ќе бидат промовирани и презентирани неколку од активностите на Црвениот крст. Свеченостите од прославата ќе продолжат во 19 часот, кога е закажана свечената академија во Центарот за култура “Глигор Прличев”. Обележувањето на јубилејот ќе биде заокружено со свечен коктел во Изложбениот салон на Центарот за култура.
Покрај блиските соработници на Црвен крст од Охрид, на свеченостите ќе присуствуваат и претставници на републичкиот Црвен крст, а најавено е присуство и на голем број високи гости и почитувачи на хуманоста и од други земји.