Охридскиот Црвен крст ќе го поддржи хуманитарниот концерт на хорот „Златно славејче“ кој под мотото „Од децата за децата“ ќе одржи утре во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

За таа цел екипите на Црвен крст денеска од  12 часот на Градскиот плоштад  „Св.Климент Охридски“ ќе ги продаваат влезниците за концертот, каде во 14 часот ќе се приклучат и „славејчињата“.   

Организаторот на настанот СТ-продукација, заедно со Црвен крст Охрид на децата од дневниот ценар „Зраци“ ќе им подари ЦД со детска музика од хорот „Златно славејче“ и сокчиња.

Караванот концерти на реномираниот фестивал „Златно славејче“ се оддржува низ повеќе општини во државава, со цел истиот да стане поблизок и за децата кои се од другите градови.

OhridNews