На свеченост што по повод денот на основањето на македонскиот Црвен крст кој воедно е и Ден на крводарителството, се одржа денеска во х. Ривиера, охридскиот Црвен крст им се заблагодари на сите хумани граѓани и институции кои придонесоа и изминатата година Охрид да биде еден од најхуманите градови во земјата.

Претседателот на Црвен крст- Охрид, Сашо Точко јавно им искажа благодарност на сите крводарители кои несебично ја даруваа драгоцената течност која живот значи. Посебна благодарница му беше врачена на Петре Трајчески кој досега дарувал крв 75 пати.


Петре Трајчески 75 пати дарувал крв

Повеќемина дарители добија благодарници за 50-то дарување крв. Благодарност им бече искажана и на повеќе институции, јавни претпријатија, компании и на медиумите, за нивниот особен придонес во реализацијата на зацртаната програма на Црвен крст Охрид во 2007 година, во која во Охрид се собрани 2456 единици крв.


одбележан денот на крводарителството

ohridnews