Посебен акцент ќе биде ставен на следниве точки:
1. Дефинитивно прецизирање на тимовите и пунктовите за вакцинација на територијата која ја покрива ЦЈЗ во Охрид
2. Да се прецизираат приоритените групи за вакцинација со посебен осврт на хроничните болни во охридскиот регион.
3. Да се согледа опременоста и просторните услови на пунктовите за вакцинација во рамки на ЦЈЗ Охрид.
4. Да се утврди количеството на потребни заштитни средства и средства за дезинфекција како и неопходни количини потребни во иднина
5. Да се согледа снабденоста со средства за хемиопрофилакса и достапност до истите
6. Да се процени снабденоста на Охридскиот регион со други лекови неопходни за лекување на компликациите како и количеството на симтоматска терапија во регионот што го покрива центарот.
По извршената посета, Институтот за јавно здравје ќе подготви извештај за Охридскиот регион како дел од Акциониот план, кој треба да се достави до Комисијата за Пандемски грип, при Министерството за здравство, заради конечно усвојување.