Најновата спортска арена во Македонија, Јане Сандаски ќе биде домаќин на кошаркарската куп завршница за оваа сезона.
Во трката за организацијата домот на МЗТ Скопје го победи кошаркарскиот храм на Куманово во лицитацијата за собирот на најдобрите кошаркари во земјата.
Минатата година домаќин на кошаркарската куп завршница беше спортската арена Билјанини Извори, а трофејот замина во рацете на МЗТ Скопје победувајќи ја Лирија во финалето.
Оваа сезона „штрковите“ пред своите гледачи ќе го бранат пехарот, кој три години е во нивна сопственост.
Мх.П.