Тренерот на охридскиот огранок на Металург, Александрa Џамтоска беше дел од ракометната Академија, која имаше прв семинар во Маврово.


На семинарот имаше теоретско и практично предавање, коe го презентираше хрватскиот стручњак и тренер на првата екипата на Металург, Лино Червар.


– Огромна чест и задоволство е да се учи од човек како Лино Червар. Темата на семинарот беше работа со деца од 6-8 години и од 9-12 години. Искуството е големо и сите ние кои бевме на ракометната Академија стекнавме бесценети совети од Червар кои  несебично ќе им ги пренесеме на школите ширум Македонија – рече Џамтоска.


На семинарот, кој е прв од ваков вид во државата учествуваа сите тренери од ракометните школи на Металург низ Македонија.

Мх.П.