– Чест и задоволство ми е што ќе ја преставувам Македонија на Светското првенство во Бугарија. Настапот на мундијалот за мене ќе биде прво искуство кое се надевам дека ќе го крунисам со солиден резултат – рече Донев.
Под будното око на Лазаревски македонскиот преставник на светскиот собир на таеквондисти ги одработува завршните подготовки кои се одвиваат во Охрид.
– Само со работа можиш да постигнеш врвни резултати. Тоа со мојот тренер го практикуваме секогаш на тренинзите. Тренираме два пати ден. Претпладневните тренинзи ги користиме за експлозивност и кондиција додека во послепладне имаме спаринг тренинзи со малку техника – потенцираш Донев.
Лазаревски, кој има сребрен медал од Светското првенство во Чешка 1996 година на престојниот мундијал во Бугарија очекува поволен резултат, кој ќе помогне на афирмација на таеквондото во Охрид и Македонија.