Утре, 10-ти септември, Народен Театар Охрид гостува на 23-тиот реномиран Фестивал на камерен театар „ Ристо Шишков“ во Струмица, со претставата „ Стари времиња” од Харолд Пинтер, а во режија на Нела Витошевиќ. Во претставата играат Ирена Ристиќ, Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ.
Претставата „ Стари времиња“ премиерно беше изведена во рамки на годинешното издание на фестивалот „ Охридско лето“.
OhridNews