Охридскиот народен театар со изведбата на претставата „Сопружници” – Вуди Ален во режија на Драгана Таневска“ ќе го одбележи светскиот ден на театорот.

Претставата „Сопружници“ ќе биде изведена в сабота (27 март) во малата сала, со почеток во 19 часот, цената на билетот изнесува 200 денари.

“Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите – Драгана Таневска.

  • Во претставата играат:

Гејб – Ивица Цонев

Џуди – Елизабета Стефановска

Џек – Никола Тодороски

Сали – Адријана Билаловиќ Тодороска

Мајкл – Филип Кипровски

Сценограф – Борис Далчев, Ванчо Василев

Костимограф – Ванчо Василев

Инспициент – Филип Ангеличин – Жура

Светло – Борис Велјаноски

Тон – Митко Серафимоски

Избор на музика – Драгана Таневска

Дизајн на плакат – Борис Далчев

OhridNews