Актерите од охридскиот Народен театар, вечерва настапуваат во рамки на официјалниот дел од 50- тиот Македонски театарски фестивал „ Војдан Чернодрински“. Со почеток во 22 часот ќе ја изведат претставата „ Детектор за лаги“ во режија на Ненад Витанов.
Фестивалот традиционално се одржува во Прилеп, од 12 до 19- ти јуни. Македонскиот театарски фестивал “Војдан Чернодрински” е конституиран 1965 година на иницијатива на Здружението на драмските уметници од Република Македонија. Фестивалот го носи името на основоположникот на македонската драма – Војдан Чернодрински, драмски автор, актер и режисер.
На Фестивалот континуирано се презентираат најдобрите театарски/драмски остварувања од целокупната македонска театарска продукција работени според дела од светската драматургија а особено се афирмира македонското драмско творештво. Фестивалот има натпреварувачки карактер во Официјалната програма.
OhridNews