Охридскиот Народен Театар во САБОТА 18-ти април 2015 ќе гостува на фестивал “Денови на Нушич” во Смедерево – Србија, со хит претставата „Детектор за лаги“ режија Ненад Витанов.
Годинава се одржуваат 32-ри “Денови на Нушич”. Фестивалот е основан во 1984 година во чест на Бранислав Нушич кој своето детство и младост ги поминал во Смедерево.
„Детектор за лаги“ е театарско дело работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски.
OhridNews