Охридскиот народен театар денеска ја започнува втората фаза проби за претставата „Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир во режија на Иван Лео Лемо од Хрватска, која премиерно ќе биде прикажана на 7-ми август на гестивалот Охридско лето.

-Оваа дело уште од своето пишување во времето на Шекспир има илјадници начини на изведба, но она што во август ќе го изведе Охридскиот театар ќе биде уникатна претстава со многу театарски ефекти.-изјави раководителот и актер на Народниот театар Охрид Горан Стојаноски.

Тој смета дека оваа претстава е мошне интересно поставена од режисерот Иван Лемо Лемо, и според него долго време ќе биде на репертоарот на охридскиот театар.

-Многу ми е драго што театарот за две години постоење ја подготвува деветтата премиера. Режисерот направи креативна инспирација во ансаблот, а публиката ќе има можност за прв пат да погледне исклучителна театарска естетика во нашиот град.
-рече Стојаноски.

Во претставата игра комплетната екипа на Народниот театар од Охрид. Видеото е на Дејан Фјалшман, музиката на Звонимир Дуспердус, Предраг Јовановиќ и Владимир Ѓорески Рафик се погрижија за сценографијата, а костимографијата е на Ромина Стефановска.

OhridNews