Охридскиот театар новата театарска сезона ја започнува на 20 февруари, четврток, со хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Марк Камолети во режија на Коле Ангеловски.

Улогите ги толкуваат актерите: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ- Вељаноска, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска-Јандреовска и Марија Новак.

Претствата се игра со почеток во 20.00 часот, а картите ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 17 февруари по цена од 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-20:00 часот на денот на изведба на претставата.

OhridNews