Охридскиот театар денес гостува на 9-тото издание на Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола Месечина” со претставата „Енергични луѓе“ во режија на Александар Иваноски.

Фестивалот е во организација на Театар комедија од Скопје и трае од 25-30 јуни. Охридскиот театар всушност го затвора Фестивалот на комедија каде учествуваат уште 3 други театри од Македонија и 2 театри од соседтсвото Бугарија и Србија, информираат.

Воедно истакнуваат и дека Охридскиот театар е во подготовка на својата најнова премиера кој својата прва изведба ќе ја има за наскоро.

OhridNews