Охридскиот театар новата театарска сезона ја започнува денес со хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Марк Камолети во режија на Коле Ангеловски.
Улогите ги толкуваат актерите: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ- Вељаноска, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска-Јандреовска и Марија Новак.
Претставата се игра со почеток во 20.00 часот, а картите по цена од 300 денари може да се купат на Билетарата при Центарот за култура.
OhridNews