Познатиот и признат тату мајстор од Охрид, Нoмче, деновиве се најде во улога на член на жири на меѓународниот саем за тетовирање што се одржа во Ниш, Србија.


Член на жирито покрај охридскиот тату мајстор беше и англичанката Изобел која важи за најтетовираната жена на светот. Интересно е тоа што таа својата прва тетоважа ја направила на 49 години кога присуствувала на саем за тетовирање, но набрзо се вљубува во тетоважите и станува зависна од нив. 71 годишната Isobel Varley ја поседува титулата “најстара жена со најмногу тетоважи”.



Охридскиот тату мајстор Номче и легендата Isobel Varley

На саемот се натпреваруваа 32 тату студија од Бугарија, Македонија и Србија.

Ohridnews