Охридскиот таеквондо клуб „Хваранг Фист“ изминатава сабота учествуваше на еден на најдобрите турнири во Европа, 10-тиот Rasmus Sofia Open во Бугарија.
Во конкуренција од над 1.000 натпреварувачи, учествувавме со 3 натпреварувачи кои покажаа одлични борби, но за жал не стигнаа до медал. Едноставно, ждрепката не беше на наша страна и уште во првиот круг нашите претставници се сретнаа со фаворитите во своите групи, велат од клубот.
Додаваат дека ова е сепак големо искуство за нив на само една недела пред турнирот Охрид Опен 2023, кој ќе се одржи во сабота на 25-ти март во Охрид.
OhridNews