Повторна доминација на јуниорот Бојан Спасеновски од ЖСК „Лихнидос“ –воздушна пушка-мажи, кој со резултат од 608,5 го остави зад себе второпласираниот со два цели кругови на третиот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма што се одржа во Битола.
Во истата дисциплина на осмата позиција во јуниори се пласира Кристијан Балоски, односно деветата во севкупен пласман мажи. За прват свој настап на Куповите имаше и младиот Бора Каќел од ЖСК „Лихнидос“, кој се пласира на 13-тата позиција. За две места пониско се пласира неговиот клубски другар Андреј Ванѓеловски.
Кај јуниорките најдобро пласирана беше Ана Танеска од ЖСК „Лихнидос“ на десетата позиција, постигнувајќи свој личен рекорд од 580,2 кругови. Ива Маленко од СК „Охрид“ се пласира на 12-тата позиција, Калина Чепуњоска на тринаесетата позиција. Теодора Спироска од СК „Охрид“ се пласира на петнаесетата позиција, а Сара Цикуш од ЖСК „Лихнидос“ на седумнаесетата додека Драгана Лоикоска и Ема Петрова на осумнаесетата односно деветнаесетата позиција.
Во дисциплината воздушен пиштол мажи најдобро пласиран беше Ванчо Каранфилов од ЖСК „Лихнидос“ кој со 539 кругови ја завзеде вицешамионската позиција. Во истата дисциплина Климент Мостро се пласира на втората позиција во јуниорсика категорија односно четврта позиција во севкуен пласман мажи со резултат од 519 кругови. Велибор Балоски од ЖСК „Лихнидос“ се пласира на третата позиција, односно шесто пласиран во севкуен пласман мажи. Иван Милевски од СК Охрид на петтата позиција во јуниорска категорија, односно на десетата во севкупен пласман мажи.
Кај жените на пиштол најуспешно пласирана беше Валентина Гоџоска која со резултат од 522 круга се пласира на втората позиција во сениорска конкуренција, односно третат третопласирана во севкупен пласман жени. Стефанија Вељаноска во категорија јуниорки пиштол се пласира на вицешампионската позиција со резултат од 520 круга односно на четвртата во севкупен пласман жени. Наталија Савеска од ЖСК „Лихнидос“ се пласира на петтата позиција односно седмата во севкупен пласман, додека Стефани Савеска и Теодора Сајковска на деветата односно десетата позиција.
На натпреварот учествуваа 60-тина стрелци од сите клубови во државава.
OhridNews