Охридскиот Совет за превенција, кој беше оформен пред околу две недели, на својата наредна седница ќе го усвои Деловникот за работа. Според Соопштението на Општина Охрид, со деловникот подетално ќе бидат утврдени правата, обврските и надлежностите на секој од членовите во ова превентивното тело.



Како актуелни проблеми на локалната заедница, со чие решавање ќе се обезбеди поголема безбедост во Охрид, Советот за превенција ги има лоцирано: Прашањата сврзани со дрогата и справување со зависноста од дрога; Алкохолизмот и малолетничката деликвенција; точење алкохол на младата популација; Питачењето како негативна појава; Борба против недоличното однесување ( пишувањето графити и појави казниви според Законот за јавна чистота); Појавата на кучиња – скитници  како опасност по граѓаните и извор на болести; Борба против асоцијалните појави во основните и средни училишта; Преземање мерки против сопствениците на угостителски објекти кои овозможуваат присуство  во локалите на малолетници по 24 часот и точење алкохол на малолетници.

Советот за превенција се конституираше врз основа на новите одредби во Законот за Полиција и Законот за локална самоуправа. Според пропишаното, во составот на ова тело членуваат Градоначалникот на општината, Командирот на локалната ПС од општа намена, Судија од основниот Суд, Јавен обвинител, како и претставници на државни институции, верски заедници, општинското ЈП задолжено за јавната хигиена,Инспекторатот, НВО и локални медиуми.

Ohridnews