Советот на општина Охрид на 50-та седница  одржана денеска донесе Декларација за неменување на уставното име на Република Македонија.

„Советот категорично се заложува за неменување на уставното име на нашата држава Република Македонија. Уставното име на државата и македонскиот национален идентитет не може и не смеат да бидат предмет на било какви договори и услов за било какви интеграции и асоцијации“, стои во Декларацијата што денеска ја усвои Советот на општина Охрид.


Советот едногласно ја изгласа Декларацијата за неменување на уставното име

Декларацијата како што беше соопштено ќе биде упатена до претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски, до претседателот на македонскиот Парламент Љубиша Георгиевски и целокупната македонска јавност.

ohridnews
фото: Васко Бујароски