Советот на млади од Охрид, во рамките на својата меѓународна активност, вчера оствари средба со претставници на младински организации од Азербејџан, коишто што престојувале во посета на Охрид, со посредство на Асоцијацијата на агенции за локална демократија (ALDA). 

-Гостите од Азербејџан се запознаа со улогата, функционирањето и тековните активности на Локалниот совет на млади. На средбата беа споделени корисни искуства за младинските политики во двете земји, а беше разговарано и за можна соработка во рамките на европските образовни програми, информираат од Охридскиот совет на млади. 

На средбата присуствувал и заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев кој истакнал дека ваквите иницијативи придонесуваат за зближување на различните култури, споделување на искуства меѓу младите и отворање на простор за заеднички проекти.      

          OhridNews