Советот на млади на општина Охрид преку свои претставници активно ќе биде вклучен во создавањето на Национална стратегија за млади (2016-2025), која ќе ги опфати приоритетните области за младите во Република Македонија. За таа цел вчера во малата сала на општина Охрид, се одржа редовна седница на Локалниот совет на млади на која беше разговарано за повикот за пријавување во работните групи кои ќе бидат дел од процесот на создавање на стратешкиот домумент.
Исто така на состанокот било разговараа и за можноста за изработка на европски проекти со секторот за ТЛЕР, обуки за комуникациски вештини, како и за соработка со новоформираниот Локален совет на млади од Струга.
На седницата, биле претставени и новите членови на Советот кои учествувале со свои идеи и конкретни предлози за идните активности на Локалниот совет на млади.
OhridNews