Советот на општина Охрид денеска на вонредна седница изгласа серија мерки за справување со високите температури:

1. Вработените во јавната администрација, Локалната самоуправа и јавните претпријатија ЈП„Охридски Комуналец“- МЈП„Проаква“ од Охрид да работаат со скратено и поместено работно време од 07.00 часот до 13.00 часот.

2. Му се препорачува на ЈП„Охридски Комуналец“ од Охрид и неговата оператива, како и на Територијалната противпожарната единица -Охрид да вршат на секои два часа ладење на улиците во Охрид, заради избегнување на ефектот „жежок остров“.

3. Поради зголемна опасност од пожари се повикуваат надлежните органи од Националниот парк „Галичица“-Охрид и ЈП„Македонски шуми“-ПСШ„Галичица“ од Охрид да превземат превентивни, соодветни мерки заради спречување на појави од пожари и уништување на природната средина.

4. Советот на општината Охрид му п репорачува на Р.З.З.З – ПЕ – Охрид да излезе преку средствата за јавно информирање со упатства до населението посебно за ризичните популациони групи за заштита од очекуваните енорно покачени температури.

5. Се задолжува Градоначалникот на општина Охрид да формира Кризен штаб како времено тело за справување и координација со кризната состојба предизвикана од високите температури.


Консултации за справување со „пеколот“

Овие мерки Советот ги донесе еден ден откако Владата прогласи кризна состојба на територијата на целата држава. Целта е да се намалат последиците од високите температури и да се делува превентивно во спречување на појава на пожари и други несакани последици кои се очекуваат со покачувањето на дневните температури.

ohridnews