Меѓународниот саем за туризам што за прв пат се одржува во Охрид  ќе стане традиционален, информираат организаторите. Саемот е ставен на календарот на Светските туристички берзи и во иднина ќе се одржува секогаш во исто време и на исто место.


Саемот за туризам во Охрид ќе стане традиционален

Меѓународен саем – Бизнис-форум за туризам во Охрид, денеска продолжува со  тркалезна маса „Проблеми на туристичкото стопанство во регионот“ и потпишување Протокол за соработка меѓу регионалните туристички субјекти во интегралниот туристички производ.

На 34 штандови во спортската сала „Билјанини извори“ својата понуда ја претставуваат хотеслко-туристички асоцијации, туроператори и туристички агенции од Македонија, Словенија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.

Организаторите се задоволни од пројавениот интерес на јавноста за саемот кој во првите два дена го посетиле неколку илјади луѓе. Првиот Меѓународен саем за туризам завршува утре.

прочитај:

Багдатис пеел навредливи песни против Македонија

http://www.ohridnews.com/index.php?mod=2&kat=11&id=3424

ohridnews