Охридскиот ротари клуб е меѓу најуспешните и најактивните во земјава. Ова беше потврдно на деновиве одржаниот семинар на македонските ротаријанци, на кој активно учество имаа претседателот на Ротари клубот Охрид, Зоран Вељаноски Летра и д-р Горан Балевски, кој годинава влезе во потесниот тим на новоизбраниот Гувернер како претседател на комисијата за членство.
Исто така на пригодна свеченост беше претставен и идниот претседател на РК Охрид, д-р Никола Филев, а беше продолжен и мандатот на секретарот на РК Охрид, Владо Павлоски.
Ротари клубот Охрид е еден од поактивните клубови во Македонија со голем број реализирани проекти, спонзорства, донации, како и најголемата Ротари донација во регионот – комплетна изградба и уредување на делот од Детското одделение при ЈЗУ Општа болница во Охрид.
ОhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com