Познатиот охридски режисер и продуцент Даниел Јовески освои престижна награда на видео фестивалот „Ноќ на музичките видеа во Албанија 2016“ кој се одржа синоќа во Тирана, Албанија.
Наградата била доделена за видео проектот „Moment i duhur“ во изведба на Vullnet Ibraimi.
-Годинава добивме уште една награда со најмногу гласови на видео фестивалот „Ноќ на музичките видеа во Албанија 2016“. Многу сум среќен и горд што наградите за овој пазар ми се множат, но во исто време сум и многу тажен што не сум награден од мојата родна земја, напиша на својот Facebook профил Даниел Јовески.
Овој исклучително талентиран охриѓанец веќе неколку години наназад и наметнува свој стандард во видео продукцијата во регионот на Албанија, Косово , Црна Гора и Македонија и добива голем број награди. Во 2014 година на видео фестивалот „Zhurmа Show Awards“ доби награда за најдобро видео, а на фестивалот „Netet e klipit Squipar“ за најдобар дует на годината. Во 2015 лани на истиот фестивал во Црна Гора освои две награди, една за најдобра режија и една за најдобра приказна.
Во текот на наредната седмица Даниел ќе дебитира со свое ново видео и на Српскиот пазар, каде за прв пат соработува со Grand Production.
OhridNews