Охриѓанецот Даниел Јовески е номиниран во четири категории на најголемиот музички спектакал некогаш одржан во овој дел од Европа, “MUSIC AWARDS CEREMONY” (MAC 2020), кој ќе се одржи на 27 јануари 2020 година во Белград, Србија.

Спотот на овој исклучително успешен режисер за ДНК “Горе или Доле” има номинации за најдобро видео и најдобра трап нумераа, додека спотот за Лозано – “Мајко” има номинации за најдобро видео и најдобра поп/фолк нумера.

“MAC” е официјална церемонија во чест на извонредноста на професионалци во музичката и видео индустрија во регионот, а целокупната музичка и забавна манифестација ги спојува најпопуларните регионални sвезди.

Оваа година на “MAC 2020” има вкупно 600 изведувачи од целиот балкански регион кои ќе бидат во трка за наградите во номинираните категории.

Гласањето ќе трае еден месец и може да се гласа online само 10 пати преку следниот ЛИНК.

Даниел Јовески

Да потсетиме дека режисерот Јовески до сега секоја година од 2014 наваму беше наградуван на фестивали од сличен карактер во Албанија за регионот (Албанија, Црна Гора, Косово и Македонија) во категориите: најдобро видео, режија, приказна, дует и највисок рејтинг.

OhridNews