Пеколните горештини во Македонија не попуштаат. Според синоптичарите денешниот ден е најтоплиот оваа година со температури на места и над 42 степени Целзиусови. И утре не очекува сончево и многу топло време, попладне со умерена облачност, во вечерните часови со локален дожд, грмежи и засилен ветер во југоисточните краишта. Максималната дневна температура ќе се движи впо интервал од 32 степени на повисоките места до 42 степени на југ од земјата.

Охридскиот регион утре ќе биде во таканаречена портокалова, алертна фаза. Ќе преовладува суво, сончево и многу топло време. Максималната дневна температура ќе достигне до 36 степени, а индексот на УВ зрачење ќе биде исклучитечно висок и ќе изнесува 10. 

Поради екстремно топлото време на работодавачите им се препорачува до 4 август да ги ослободат од работа бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години. Се уште важат и препораките да се избегнува вршење градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот, како и општите препораки за заштита на здравјето на луѓето кои предвидуваат избегнување на движење на отворено во најтоплиот период од денот, носење лесна облека, капа и заштитни очила, внесување повеќе течности, како и избегнување на масна хтрана и алкохолни пијалаци. Хроничните болни редовно да ја примаат својата терапија и да не се изложуваат на високите температури.

Сончево и многу топло време ќе имаме до крајот на неделата.

OhridNews