Ракометарите на Климент Охридски со победа го завршија регуларниот дел од првенството совладувајќи ја скопска Ринија со 24-17. Благодарение на фуризниот финиш младиот охридски тим до победата во натпреварот стигна во последните десет минути.

Првото полувреме во мечот помина во тврда игра во која доминираа одбраните на двата тима, па по првите 30 минути на семафорот стоеше 9-9.

Таквата игра на жица продолжи и во вториот дел. Охриѓани го блокираа најдобриот поединец кај гостите Груби (8 гола) , а со серијата одбрани на Трповски (15 одбрани , еден седмерц) со серија 4-0 се одлепија на пристојна предност 20-16. Предводени од Томоски (8 гола)  и Трифуноски (5 гола) во финишот на мечот успеаа да ја задржат предноста и да триумфираат со 24-17.


 времето работи за нив – РК Климент Охридски

Со овај натпревар заврши регуларниот дел од сезоната, охриѓани се наоѓаат во втората половина од табелата која ќе разигрува за седмото до четиринаесетото место.