Тој истакна дека со нерешавањето на проблемот владата се обидува да ги раскара граѓаните.
– Ова покажува како владата се грижи за граѓаните и колку се интересира за својот народ, рече Чинговски. Тој информираше дека СДСМ има изготвено предлог-закон за решавање на статусот на стечајците, но искажа сомневање дека кај власта ќе има расположение тој да биде прифатен.
Инаку и вчерашните протести на стечајците во главниот град беа на раб на инцидент кога нервозен возач се обидел со нож во рака да се „разбере“ со стечајците кои ги блокираа накпрометните скопкси улици.