Охридскиот поп пејач, Ѓоко Танески, заедно со Елена Ристеска, Ноне Неделковска и Ламбе Алабаковски на  21,22,23 март, настапи на три концерти во Австралија кои се одржаа под покровителство на МАК ФМ радиото од Перт чиј сопственик е Наум Трајчески, исто така охриѓанец.


Ѓоко Танески, Елена, Ноне и Ламбе меѓу нашите во Австралија

На 21-ви март македонските музички ѕвезди настапија пред преполна сала  во Мелбурн, следниот ден одржаа концерт во Сиднеј исто така пред преполна сала, а најголема посетеност имаше на последниот концерт што се одржа во македонскиот културен центар во Австралија, ни јави охриѓанецот Даме Крцоски.

Ohridnews