И годинава во прекрасниот Галичник од 7 до 9 август 2014, по дваесетти пат ќе се оддржи традиционалната Галичка книжевна колонија, која има и меѓународен карактер. Во рамките на книжевната колонија ќе се оддржат повеќе литературни приредби, поетски читања, чествувања и промоции, како и симпозиум на тема Од што се прави поезијата.
Управниот одбор на Здружението за литература, култура и уметност Галикул, во годинешната програма ги вклучи писателите: Венко Андоновски, Елена Пренџова, Пере Ристески, Владимир Мартиноски, Весна Мојсова- Чепишевска, Јовица Тасевски-Етернијан, Соња Стојменска- Елзесер, Ферид Мухиќ, Димитар Пандев, Радован Павловски, Тодор Чаловски и др.
Реализацијата на Галичката книжевна колонија финансиски е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.
OhridNews