Охридскиот пливачки маратон е вратен во календарот на ФИНА, но датумот на неговото одржување и висината на наградата се уште не се прецизирани. Од „Охридски Бранови“, клубот кој е задолжен за техничката организација на охридскиот пливачкки маратон изразија сомнеж околу датумот, но уверуваат дека ќе направат се маратонот да се одржи.
– Сомлително е скроен календарот бидејќи досега маратоните се одржуваа во континуитет на еден континент, а сега вака се плива во Капри, Италија па се оди во Канада, па се враќа серијата во Шабац, Србија и за да потоа пак се оди Канада. Ние ќе мора да бараме термин пред Капри, секако термин кој и ќе им одговара на пливачите – вели Кочо Паскали од клубот Охридски Бранови
Маратонот не беше вментат во календарот бидејки не беше подмирена котизацијата. Пет илајди долари треба да се уплатат на сметката на ФИНА, средства кои се за Фина, а според новите правила и наградниот фонд треба да се уплати на сметката на светската пливачка федерација која потоа ги распределува средствата.
– За да се избегнат сите проблеми , пливачите бараат парите да легнат на сметка на ФИНА која потоа ги исплаќа наградените. Минатогодишниот фонд беше 25 илјади долари, но доста веројатно е во годината на рецесеијата фондот да биде намален на 10 илјади – вели Паскали.
Последно што сакаат охриѓани е да настане прекин на маратонот кој од возобновувањето во 1992 година се одржува континуирано. Велат дека мака мачат да врзат крај со крај но заедно со пливачката федерација ќе направат се традијата да продолжи.
– Секоја година се повторува истата слика, се мачиме во минута до 12 да ги обзебедиме средствата потребни работата да тече нормално. Ние како клуб немаме постојано финасирање, а една од причините е тоа што базенот кој треба да биде наш извор на средстава е вон употреба – истакна Никола Маленко од клубот „Охридски Бранови“.
Од клубот велат дека имаат изготвено програма и план за организирање и одржување на повеќе маратони и на другите езера во Македонија, како и на струшкиот дел од езерото, но финансисите во моментов не го дозволуваат тоа.
М.Постоловски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com