Пливачката федерација на Македонија е под спуспензија од страна на европската пливачка организација ЛЕН по што серија настапи на нашите репрезенатативци се доведни во прашање. ПФМ , како што пишува дневниот весник “Дневник“ беше суспендирана од ЛЕН поради неплатена годишна членарина од околу 200 евра. Тоа значи дека сите натпревари под капата на ЛЕН се недостапни за нас. Во моментот кога ќе се плати членарината суспензијата ќе се укине.
Покрај оваа ПФМ не го подмирила “долгот“ и кон светската пливачка организација ФИНА, што значи и исклучување од натпреватите организирани под нивната капа.Во сета оваа бркотница погоден може да се најде Охридскиот Пливачки Маратон бидејќи се уште не е платена гаранцијата од 25.000 долари за организација на истиот.
Маратонот сезонава е закажан за 18 јули.
Исто така во прашање е доведен и настапот на македонската ватерполо репрезентација која треба летово да настапи на Светското првенство во Рим кое е настан организиран од ФИНА.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com