Многу возбудувања и неизвесност донесе 32 изднание на Охридскиот пливачки маратон, на кој триумфираа италијанските пливачи Франческо Џетини во машка и Барбара Поцопон во женска конкуренција. На целта тие беа пречекани со аплауз од публиката која драматичниот финиш го следеше од кејот, а маратонците ги пречекаа претседателот на државата Ѓорѓе Иванов и првиот човек на Пливачката федерација на Македонија Александар Маленко, кои им честитаа на успехот.
Фото: А. Момироска
Видео: Италијанска доминација на Охридскиот пливачки маратон