Охридскиот планинар Мишко Танески го додаде во својата богата ризница на успеси врвот Елбурс во Русија, кој со 5642 метри е највисок врв во Европа.


– Искачувањето се одвиваште многу тешко. Темпаратурите беа енормно ниски и достигнуваа до минус 20 целзиусови степени што преставуваше дополнителен проблем при искачувањето. Сите планинари кои го искачувамве врвот бевме на психофизчки тест, кој сите успешно го поминавме. Планините обично со освојуваат со техника, овој пат беше спротивно  – рече Танески од „ладната Русија“.

Покрај Танески, кој има искачено голем број на планински врвови Елбурс го освоија уште 13 алпинисти од Македонија.

Ohrid News