Ракометната школа Вардар Куба Либре Седмерец од Охрид го освои првото место на турнирот „Еден живот, една љубов„ во генерацијата 2008/09 кој се одржа во Скопје.

Охридските ракометни надежи предводени од тренерот Катерина И. Стојаноска и тим менаџерот Борис Џутески победија на четирите мечеви кои ги одиграа, а големиот успех го заокружија со награда за најдобар голман која му припадна на Бојан Крстески.

Успехот и победата на турнирот на кој учествуваа над 1000 дечиња од целата земја не е случаен. Ракометарите на Вардар Куба Либре Седмерец се наоѓаат на втората позиција во Вардар јуниор лигата која се организира под палка на Ракометниот клуб Вацар на ниво на Македонија.

Охридскиот ракометен клуб ги поканува сите заинтересирани деца за тренирање на ракомет да се пријават и да им придружат во успешната спортска приказна. Тренинзите се одвиваат во ОУ Христо Узунов (понеделник и среда), ОУ Живко Чинго (вторник и четврток), ОУ Св. Климент Охридски (понеделник и среда). Подетални информации на 075 822 707 – Катерина или 078 264 649 – Борис.

OhridNews