Охридскиот огранок на ДПА пребега кај Имер Селмани кој деновиве се отцепи од матичната партија најавувајќи формирање на нов политички субјект.

Претседателот на охридскиот огранок на ДПА, Васфи Доку во изјава што ја пренесе скопската телевизија  Канал 5 рече дека 5 ограноци на ДПА преминале кај Селмани, разочарани што не била направена анализа зошто ДПА била поразена на изборите.

Мендух Тачи засега не ја коментира новонастанатата ситуација, но најавува состаник на централното претседателство на ДПА во текот на оваа недела на кој ќе се разговара за расколот во партијата.

Ohridnews