Охридскиот „Нов театар“  деновиве настапи на „Јоаким Интерфест“ во Крагуевац Србија. Охриѓани на фестивалот  ја изведоа претставата „Граница“ од Венко Андоновски, со која имаа повеќе успешни настапи во Европа.

Неодамна  „Нов театар“ од Охрид заедно со „Мал драмски театар“ од Битола ја освоија втората награда на еден од најпрестижните театарски фестивали во Европа „ “ЕXPONTO“, што се одржа во Љубљана – Словенија, а со успех се претстави и на повеќе други интернационални фестивали.

Според актерот и режисер Горан Стојаноски настапите на угледните фестивали во и постигнаиот успех се доказ дека професионалните актери од Охрид и нивните претстави имаат Европски квалитет.

Ohridnews